Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Атлетика > Атлетика! Мартиновски, Ивановски и Завировски со последи подготовки за Охридски
Атлетика! Мартиновски, Ивановски и Завировски со последи подготовки за Охридски

Атлетика! Мартиновски, Ивановски и Завировски со последи подготовки за Охридски

Идната недела во  петок на 8-ми Септември на најзначајниот ден во поновата историја на Македонија по 31 пат ќе се одржи интернационалниот атлетски маратон во Охрид. Патеката е долга 30 километри. Се трча од СВ Наум до пристаништето во Охрид. Патеката е супер тешка со многу нагорнини и надолнини. Атлетскиот клуб Вардар засега има потврдено учество на три свои маратонци.

Тие веќе се во завршни подготовки, останува помалку од десетина дена за последните финални “детали“ пред овој прв есенски предизвик. Според она што го покажуваа најподготвен, во најдобра форма е Марко Ивановски. Од него се очекува најдобар настап. Ивановски имаше одличен прв дел од сезоната. Легендарниот Трпе Мартиновски не ни помислува да ги закачи патиките на клин. На 52 годишна возраст одново ке ја соборува пеколната патека во Охрид. Легенда која трае и трае… Петре Завировски по долга пауза се враќа. Со само неколку недели тренинг ќе се обиде да го финишира пеколниот Охридски маратон. По долгата пауза поради повреда се враќа во игра.