Тренерот на БК Вардар професорот Љубиша Пешко од 21-26 февруари 2017 ги поканува во Cтокхолм, на базични подготовки и учество на еден солиден турнир, сениорските репрезентативци на Македонија :
- 57кг Егоров ( Вардар)
- 61кг Аскербиев (Вардар)
- 65кг Реџалари (Лириа) ,Ертан (Тефејуз)
- 70кг Митров ( Балканец), /Павлев (Спартак)
- 74кг Веселовски (Лириа), Мамути (Тефејуз)
- 86кг Зубаиров ( Вардар)
- 97кг Нуров (Вардар), Хамикоев (Вардар)
- 125кг Данов ( Вардар)
Според мене треба да се престане да се гледаат само личните интереси и личната афирмација, а да се започне со работа за обезбедување средства и услови за систематски развиток на целокупното Македонско борење, како Национален спорт, без импровизации и стихијност. Како стручно лице во областа на борењето како спорт, немам намера да убедувам некого како и зошто треба правилно да се тренира за остварување на спортски активности и светски забележителни резултати, врз основа на актуелната состојба на Македонските боречки клубови и анализа на претходните резултати и учество на нашите борачи, дојдов до констатација дека мора да се повтори успехот на Халил Зубаиров, да освоиме најмалку 1 медал на Европско првенство У-23 следниот месец во Унгарија и 2 медали на Европското првенство за сениори во мај, Србија-Нови Сад. Започнува нов Олимписки циклус и треба да се зацртаат и реализираат стриктно планирани тренажни програми и планирани учества на првенства со однапред зацртана цел и резултати. На боречките репрезентативци треба да им се овозможи учество на повеќе меѓународни турнири, каде што има појака конкуренција, со што ќе стекнат поголемо искуство и да изборат право како евидентни репрезентативци учество и остварување на забележителни резултати на Европски и Светски првенства!
Поздрав, Љубиша Пешко-БК Вардар