Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Атлетика > Прилог кон продолжението (6) од историјата на АК Вардар! ЛИВОРНО 1968 – ГОЛЕМО ПРИЗНАНИЕ ЗА АТЛЕТИЧАРИТЕ НА ВАРДАР…пишува Проф.М.Бошковиќ
Прилог кон продолжението (6) од историјата на АК Вардар! ЛИВОРНО 1968 – ГОЛЕМО ПРИЗНАНИЕ ЗА АТЛЕТИЧАРИТЕ НА ВАРДАР…пишува Проф.М.Бошковиќ

Прилог кон продолжението (6) од историјата на АК Вардар! ЛИВОРНО 1968 – ГОЛЕМО ПРИЗНАНИЕ ЗА АТЛЕТИЧАРИТЕ НА ВАРДАР…пишува Проф.М.Бошковиќ

Авторот на серијалот продолженија и прилози за историјата на АК Вардар кој досега ни презенираше шест мега продолженија и два прилози проф.Мирослав Бошковиќ со ново дело. Тој е поранешен член на АК Вардар, жив сведок на историјата на оваа секција од С.Д Вардар. Минатиот понеделник можевте да го прочитате шесттиот дел со наслов “ИСТОРИЈА НА AK “ВАРДАР” (6) ЕКСКЛУЗИВНО: СО И ЗА ТАСЕВСКИ ЗОРАН – АТЛЕТСКИ ШАМПИОН И РЕКОРДЕР…“ кое може да го прочитате на нашиот сајт ОВДЕ, авторот сметаше дека мора истото да се надополни со еден значаен дел “Ливорно, 1968 година“ кое нетреба да се пропушти.

     Авторот:            Во минатото продолжение, ненамерно испуштив да го истакнам големиот успех на Тасевски Зоран, настапот во репрезентацијата на Југославија за постари младинци, во Ливорно, 1968 година. Тој веќе беше македонски рекордер, откако на меѓународниот митинг во Стара Загора, Бугарија,  на 100 метри истрча фантастичен резултат за тоа време од 10,6. Покрај него, големо признание им беше доделено и на Панев Цветан, Трајчев Љупчо, Карер Владимир од АК “Вардар”, како и на Јанко Јакимовски од АК “Работнички”. Во консултациите со  Михајло Тушевски, одговорен уредник за атлетика, се договоривме да направиме прилог кон минатото продолжение за Ливорно, 1968 година.

                Со своите извонредни резултати постигнати во 1968 година, наведените атлетичари беа повикани да настапат во составот на југословенската репрезентација за постари младинци, на тромечот помеѓу Италија, Полска и Југославија. Натпреварот се одржа на 15 август 1968 година. Накратко, еве како поминаа нашите атлетичари:

Двајца вардарци во победничката штафета  на Југославија 4х100 метри. Од лево кон      десно:                                                                                                                                     Туцаковиќ, Ленѓел, Тасевски и Панев

Двајца вардарци во победничката штафета  на Југославија 4х100 метри. Од лево кон      десно:                                                                                           
                                         Туцаковиќ, Ленѓел, Тасевски и Панев

 Тасевски Зоран и Цветан Панев настапија во штафетата 4х100 метри, во која трчаа и познатите југословенски спринтери Туцаковиќ и Габор Ленѓел. Овие извонредни спринтери, со беспрекорно извршените измени, постигнаа извонреден резултат,  и го освоија I место.
Владимир Карер, како што во тоа време напиша Зоран Михајлов, спортски новинар, “внесе револуција во скок со стап”, постави младински рекорд со 3.90 . Овој резултат е и сениорски рекорд на Македонија, кој и до денеска не е соборен.
Откако претходно го собори македонскиот сениорски рекорд, на тромечот во Ливорно настапи и Љупчо Трајчев во фрлање копје. Во конкуренција со претставниците од Полска, Италија и Југославија, го освои IV место.
Членот на АК “Работнички” Јанко Јакимовски , во Ливорно трчаше на 800 метри. Претходно, на државното првенство на Југославија за младинци,  во ова дисциплина го освои второто место. По Сотир Гавриловски од АК “Вардар”, тој беше најуспешен македонски тркач на средни патеки. Петте репрезентативци, учесници во Ливорно, недвосмислено го  потврдувија квалитетот на  вардаровиот атлески колектив и воопшто македонската атлетика во овој период.

……веќе утре продолжение: Историја АК Вардар (7) со наслов: “АК “ВАРДАР” КОН КРАЈОТ НА 70-ТЕ И ПОЧЕТОКОТ НА 80 – ТЕ ГОДИНИ“

Пишува: Професор Мирослав Бошковиќ