Вчера во својата матична куглана онаму каде што ги играме мечевите како домаќини во С.Ц. “ Борис Трајковски“ шефот на стручен штаб на црвено-црниот кугларски колектив Драги Димитровски ги собра првпат во 2016 година својте пулени. Вардарци по паузата околу новогодинешните и божиќните празници повторно осетија “кугла“ во својте раце. Последен официјален меч за нашите момци беше на 20 декември дома со тимот на КК Империјал Тобако кој го добивме со максимални 8-0.
Од првитот тренинг црвено-црните ќе ја темпираат формата за првиот предизвик во 2016 година а тоа е дуелот со скопскиот ривал Кк ГТЦ. Овој дуел е наше трето гостување во четвртото коло од домашната лига. Мечот со КК Гтц е закажан според натпреварувачкиот календар за на 23 овој месец, а термин на одигрување во 10-00 часот. Скопскиот дуел за местото на одигрување е кугларницата „Мусандра“ во Градски трговски центар. По дуелот во четвртото коло следи она долгоочекуваното – дербито во 5.коло со тимот на Макпетрол, кое за нашите момци е вистинска шанса со победа да си го отворат патот кон титулата. Сега сме на првото место со максимални 6 бода колку што има и тимот на Макпетрол по одигрувањето на трите воведни кола.