Од викендов стартува Првата македонска кошаркарска лига – МАЖИ, а во прво коло на домашен терен ја пречекуваме екипата на Куманово. Црвено-црните го закажаа овој натревар со почеток во 17-00 часот, дуелот се игра во сабота, 6.октомври.
Вардарци повторно се во елитата, за неа се засилија со кондиционен тренер, го донесоа повратникот Робев и тројца американци. Одработија подготовки, одигаа тест дуели со МЗТ Скопје, Работнички, Фени Индустри и Пелистер како би ја темпирале формата. За овогодинешната сезона кратко велат на нивната официјална страница:
-Со нашето враќање во кошаркарската елита, задачите и одговорноста секако дека се поголеми, а ние како тим мораме да одговориме на истите.