Вчера, најтрофејниот кошаркарски тим во земјава, КК Работнички запиша нова победа над Вардар,истата дојде со само пет поена (81-76). Црвено-белите натпреварот го одигра во СРЦ „Кале“. Градски парк поради силниот дожд и фактот дека прокиснува не даваа услови за игра па мечот се одигра на наш терен.
Работнички поведе по првиот период од 10.минути со пет плус (18-13), на тоа додаде во вториот периот уште пет поена. Па на пауза веќе имаа осум позитива, тие иако не се одлепија на значајна предност постојано го контролираа дуелот и не дозволуваа момците на Радуловиќ резултатски да се вратат во игра. Најдобар во триумфот кај „домаќинот“ беше Балзамовиќ со 26 поени, додека кај Вардар прво име беше Провел со 20 поени.