Saturday ,11 May 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Кошарка: Вардар ја освои 2.лига и обезбеди влез во елитата (ФОТО)
Кошарка: Вардар ја освои 2.лига и обезбеди влез во елитата (ФОТО)

Кошарка: Вардар ја освои 2.лига и обезбеди влез во елитата (ФОТО)

По една сезона во понизок ранг, црвено-црниот кошаркарски колетив се враќа во македонската кошаркарска елита. Вардар го освои првото место во Втората лига со 15 победи и само еден пораз, а успешната сезона ја финализираше со победата на домашен терен против Тетекс со 82:66. Дуелот се одигра во малата сала “Кале“, а момците на Дарко Радуловиќ покажаа дека сосема заслужено дојдоа сезонава до промоција во елитата.

kk0

Успехот на Вардар е многу значаен за македонската кошарка имајќи предвид дека оваа екипа настапува исклучиво со кошаркари од својата школа кои се на почетокот на своите кариери, а голем дел од нив се членови на младинските репрезентации.

kk2 kk3 kk6