Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Атлетика > АТЛЕТИКА! Завировски самурајски тренира на “сибирски” услови цела зима
АТЛЕТИКА! Завировски самурајски тренира на “сибирски” услови цела зима

АТЛЕТИКА! Завировски самурајски тренира на “сибирски” услови цела зима

Зимскиот период не е пријател на атлетиката, за време на изминатите месеци има пауза во сите атлетски дисциплини. Сепак момците од АК Вардар неуморно се подготвуваат за она што наскоро следува. Зимово кое е посурово и поладно од претходните со долготрајна снежна покривка е голем проблем за подготовки и трчање на долги стази за Завировски Петре. Сепак младиот вардарец е непоколеблив, со дух на самурај воопшто не ги прекина тренинзите и во денови кога температурата идеше под минус дваесет и кога мораше да трча по снег повеќе десетина километри. Тој се подготвува во околината на Скопје, неуморно на сибирските услови најавувајќи дека напролет ќе продолжи онаму каде што застана во доцната есен, да атакува на врвот во секое натпреварување.  Бидејќи немаме сали за подготовки, Завировски тргна низ снегот правејќи километри и километри безстрашно. Кратко разговаравме со него да ни каже како е задоволен од овој дел од сезоната кога мора во суп-стандарни услови да се подготвува еден атлетичар во нашата земја, тој вели:
pett
Пред почетокот на новата сезона пред се сакам да им се заблагодарам на сите луѓе кои ме поддржуваат на било кој начин, на моето семејство. Роднини, пријатели, познаници. Сакам да им се заблагодарам на верните Вардар Фанс и Михајло Тушевски на спортските новинари Габриел Мишевски, Игор Александровиќ и Јовица Симоноски за медиумската поддршка. Сето ова што го постигнав е благодарение на вас. Со срце за Вардар зе се борам следната сезона достојно да го носам црвено-црниот дрес на сите напревари. Се чувствувам добро на тренинзите, не ми е важно колку се тешки целта е важна вардаровиот дрес да биде на пиедесталот. Ова ќе биде уште една фантастична сезона!