Целиот фокус на првиот дел од сезоната на нашиот црвено-црн атлетичар Завировски Петре е насочен кон Скопскиот маратон кој е закажан за две недели поточно на 10 Мај. Истиот се трча по улиците на нашата метропола и е најдобро организираниот и најмасовен настан од ваков тип во нашата Република . Нашиот атлетичар е во последната фаза од подготовките за истиот затоа како сајт задолжен да го следи секој член на големото Вардарово семејство му изразуваме голема поддршка воедно и ги пренесуваме неговите размислувања за престојниот предизвик .
- Преостануваат уште две недели до нашата најголема атлетска манифестација Скопскиот маратон. За оваа трка моите подготовки ги започнав од Ноември минатата година. За тие 6 месеци во нозете имам нешто повеќе од 3.000 километри. Со мојот тренер Трпе Мартиновски напорно трениравме. Преостануваат уште 14 дена за завршни подготовки пред големиот настан.Долго време на тренинзите ја подготвуваме нашата тактика за маратонската трка.Точно знаеме во кој дел од трката како ќе трчаме и кога ќе нападнеме на резултатот. Резултатот во маратонот се добива или се губи во последните 12 километри од трката. – Вели Завировски .
За својте очекувања на овој маратон Завировски е резервиран со давање на на конкретни оценки и мислења за пласманот , вели дека доволно е да го послужи здравјето за овој предизвик.
- Предвреме нема да калкулираме со бројки. Ќе останам воздржан околу мојата резултатска цел и пласманот. Сепак ова е маратон нема многу да се расфрлам со предвремени прогнози. На 10 Мај комплетно здрав, одлично психо-физички подготвен ќе застанам на стартната линија каде што ќе бидам еден од најмладите маратонци ако не и најмлад и ќе нападнам одлучно на резултатот за кој тренирав изминатите 6 месеци! – Ни изјави Завировски за нашиот сајт Вардарфанс.мк