Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Одбојка > Слаба игра на вардарки, Јанта волеј Кисела Вода израмни на 1-1 во финалето кај дамите
Слаба игра на вардарки, Јанта волеј Кисела Вода израмни на 1-1 во финалето кај дамите

Слаба игра на вардарки, Јанта волеј Кисела Вода израмни на 1-1 во финалето кај дамите

Јанта волеј Кисела вода го совлада тимот на Вардар жени 2019 со 3:0 (25:20, 27:25, 25:9) во првиот натпревар од финалето во најсилната македонска женска одбојкарска лига и израмни на 1-1 во победи во трката за тронот. Двократниот првак имаше подобра завршница во првиот сет, грешеше помалку и успеа негативата во воведот од пресметката да ја претвори во предност. Во таа фаза Јанта волеј Кисела вода направи само пет, а вардарки дури 13 грешки, но тоа сепак не се одрази на резултатот во почетниот дел од вториот сет, во кој што гостинските во салата „Независна Македонија“ во ОУ „Невена Георгиева Дуња“ имаа водство од 11:6. Сепак, откако црвено-црните не искористија две сет-топки на 24:22, а потоа уште една, вкупно три, домашниот тим се одлепи на 2-0 во сетови и ги реши дилемите за вечерва.

Во третиот сет, одбојкарките на Вардар жени 2019 ја задржаа концентрацијата до 5:5, а потоа целосно се распаднаа што се гледа најдобро од резултатот 25:9. Украинката Валерија Собол повторно беше во главна улога со 18 поени, од нив четири блока во третиот сет во којшто целосно ја доби битката на мрежа со Кубанката Агуеро на другата страна. Средната блокерка Тамара Тасевска придонесе со 13 поени, од нив шест аса кога Јанта волеј ја правеше серијата од 13:0 по првиот тајм-аут на вардаровиот тренер Горан Славков, а одлична поддршка имаше и од нејзината колешка на истата позиција Симона Стојановска со 8 поени. Исто толку освои Сара Серафимова, а Бојана Маројевиќ заврши со 2.

Во редовите на Вардар жени 2019 немаше расположена одбојкарка. Преодна оценка не заработи ниту Агуеро со 12 поени, а за разлика од мајсторката во полуфиналето со Работнички Скопје, не можеше да повлече ниту Ковачевиќ со 6. Техничарката од Казахстан Курјерова, исто така, не беше на ниво на задачата.

Во колективната статистика, впечатлива беше доминацијата на Јанта волеј во поените од блок и од ас (20 наспроти 7). Во првите два сета Вардар жени 2019 имаше повеќе поени од напад, но и повеќе грешки, така што не можеше да влезе во вистински ритам. Со целосно немоќен блопк, црвено-Црните имаа вкупно 26 подарени поени во мечот, а противничките дури 9 помалку, што го илустрира убедливиот резултат.

Вториот натпревар од финалната серија ќе биде одигран в четврток на теренот на вардарки, а јасно е дека каков и да биде епилогот, ќе има уште најмалку еден, за седум дена отсега во Кисела вода. Доколку на нив двете екипи остварат по една победа, за шампионскиот пехар ќе решава мајсторка во којашто улогата на фаворит ќе ја има Вардар жени 2019. По четири меѓусебни средби сезонава, резултатот е 2-2, црвено-црните ги добија двете соочувања во основниот тек, а Јанта волеј славеше денеска и претходно во финалето на купот во Струмица