Tимот на Академија ФМП го потврди и второто летно засилување, тие потпишаа двегодишен договор со младинскиот репрезентативец на Македонија, Славчо Темелковски.
Овој играч играше во Работнички, потоа дојде во нашиот КК Вардар. Во оваа прекината сезона беше најдобар скокач во тимот и во лигата. Постојано во оваа статистичка категорија беше лидер. Младиот кошаркар кој го напушта црвено-црниот табор, беше дел и од селекциите на Македонија за играчи до 16, 18 и 20 години на повеќе Европски првенства.