Денес свој роденден прославува играчот на Кугларскиот клуб “Вардар“, младиот куглар Георг Поп-Крстев. Ова момче од веќе две сезони е дел од нашиот црвено-црн кугларски колектив. Тој дојде тивко… и влезе во вардаровите легенди, лани беше играч кој повеќе од 2години не кугла, но ја прифати подадената рака на тренерот Драги Димитровски кој насети талент…година потоа е златното вардарово момче кое во Куп финалето поентираше за злато. Апак сезоната беше играч со најмногу топ-6 пласмани во колата.