На денешен ден пред 40 години роден е еден од најдобрите македонски куглари, човекот кој последната деценија е убедлив број еден во овој спорт Димитар Димитровски. Тој е човек со визија кој реши пред три години да го врати името Вардар на кугларската мапа. Претседател, иден творец, ударна игла на кугларскиот црвено-црн колектив. Човек кој постојано е на врвот по постигнати резултати, “мотор“ на Вардар во сите натпреварувања.
Редакцијата на Вардар фанс на Димитар му посакува среќен роденден, Титула со Вардар во МКЛ, повторување на успехот од пред две години во купот. СРЕЌЕН РОДЕНДЕН ЦРВЕНО-ЦРН ДИЈАМАНТУ.