Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Тимур Хамикоев од БК Вардар брилијантен
Тимур Хамикоев од БК Вардар брилијантен

Тимур Хамикоев од БК Вардар брилијантен

Алтанот на БК Вардар Хамикоев Тимур брилијаше викендов во борбите кој ги имаше . Македонскиот репрезентативец и член на Вардар имаше фантастичен  настап на Лила Меларкуп во Вестерос, Шведска.Големината на неговите победи се уште поголеми ако се знае дека настапи во повисока категорија до 97кг и во слободен стил а самиот има моменатaлно 88кг што уште толку ја покажува неговата физичка супериорност .

Во првата борба го совлада со т.н технички туш и резултат 10-0 Сим Квиле од БК Атен. Во втората борба го победи со 10-0 борачот  Бјерн Јохансон -ИФК . Во третата борба на душекот се најде со Кавај Илалдајев -Хусумс резултатот беше  6-2, но при овој резултат Тимур со атрактивено фрлање за 4 поена го тушираше противникот и ја однесе победата(Види слика)

Моментот кога Тимур направи пресврт во борбата !

Моментот кога Тимур направи фантастичен зафат !

. Следуваше финалето каде на нашиот борач ривал му беше Томи Санд -Калсве ИФБ тука нашиот Вардарец не остави ништо на случајност и го совлада со  технички туш односно резултат 10-0 .

Тимур алтанот на БК Вардар и со многу потешките противници немаше проблем викендов

 

За борбава шефот на стручниот штаб на БК Вардар Професорот Љубиша Пешко за специјализираниот најдобар во таа област во земјава и пошироко  Македонски веб сајт за боречки вештини http://ipon.mk- изјави :

Не настапи во својата категорија до 86 кг, затоа што немаше толеранција, не му дозволив да симне од својата телесна тежина 2 кг ( сега има 88кг мускулна маса). Тимур не покажа никаква слабост против титаните во повисоката категорија и во друг стил, -изјави неговиот тренер Љубиша Пешко.

Екипата на Вардарфанс.мк на Тимур му посакува уште многу успешни борби и остварување на желбата која е длабоко врежана сите членови на БК Вардар и на нас подржувачите учество на Вардарец на -ОЛИМПИЈАДАТА РИО-2016 !