Викендов во кугларницата “Мусандра“ се одвиваа квалификациите за Купот на Република Македонија во куглање. На овие третти по ред квалификации откако Вардар едноподруго учествува треттпат земавме учество и третти пат доминиравме. Вардарци одиграа феноменално на квалификаците, умешно дигигирани од тренерот Драги Димитровски кој покажа дека знае да ги мотивира повторно за ова натпреварување. Повторно како лани и полани црвено-црната доминација беше неминовно, и сите други тимови мораа да се задоволат со местата зад нас.
Откако почнаа квалификациските натпреварувња сите очекуваа после доминицијата во МКЛ на екипата на шампионот КК Макпетрол да биде најдобар колектив на ова натпреварување, сепак нашите момци им ги распаа прогнозите и очекувањата на многумина. Одличната игра во нив се одслика и во иделниот топ-6 состав на квалификациите. Таму од шест места три се за црвено-црните и тоа не било кој позиции во иделниот тим. Наши се првата и втората позиција и четвртата, поточно во најдобрите четири скора три се наши од кој најдобрите два се во посед на момците на Драги Димитровски.
На врвот кој друг ако не он, Димитар Димитровски најдобриот куглар во Македонија човекот кој имаше најдобар скор во лигата оваа и неколку сезони наназад. Тој повторно блесна и повторно отиде единствено он на овие квалификации над “ магичната граница 600“. Диме зад своето име впиша скор од 609 “соборени дрва“ со што заврши како лидер. Втората позиција помалку неочекувано е за Маријан Згонц. Тој, Згонц даде 101% од себе и како никогаш до сега “блесна“ собори 581 “дрво“. Згонц настапи во клучната последна серија кога се “кршеше“ натпреварот со неговата одлична игра тој го пласираше Вардар на врвот. Четвртата позиција е резервирана за братот на Димитар, одличниот Дарко Димитровски. Тој покажа дека може да се смета на него како и секогаш кога се клучни моменти за Вардар. Одигра одлично со многу елан и желба за победа. Со скор од 573 “соборени дрва“ ја зазема четвратата позиција и беше еден од клучните играчи за овој успех во квалификациите. Тој покажа дека треба сериозно да се смета на него, особено кога е во форма и е високомотивиран како и во оваа прилика.