Управниот одбор на МКФ на предлог на Стручниот совет при Македонската кошаркарска федерација ги назначи селекторите за сите возрасни категории, во машка и во женска конкуренција. Кошаркарите генерација 1999/2000 (М18) оваа година ќе бидат дел од Европското првенство (Дивизија Б) што ќе се одржи во периодот од 28. јули до 6. август во Талин, Естонија ќе бидат предводени од стручниот штаб во состав Ѓорѓи Кочов кој е тренер на првиот тим на КК Вардар, Атанас Димов и Бранко Андриевски.
Тој почна со своите активности, вкупно 32 млади кошаркари се повикани од него да се појават на првиот селективен тренинг, претстојниот викенд, в недела ,12. март, со почеток во 17-00 часот односно 18-30 часот во малата сала при С.Ц „Кале”. Од нив 16 кошаркари ќе бидат одбрани за да настапат на Европското првенство (Дивизија Б) кое оваа година ќе се одржи во Талин (Естонија), во периодот од 28. јули до 6. август.
РАСПОРЕД ПО ГРУПИ ЗА ПРВ СЕЛЕКТИВЕН ТРЕНИНГ
Група 1
(од 17-18.30 часот)
Бојан Јовановски, Андреј Настевски – МЗТ, Лука Стојановски, Јосиф Наумовски, Благој Димитриев – Феникс 2010, Андреј Јордановски – Работнички, Роберт Стојанов, Филип Ѓорески, Никола Шопов – Вардар, Миле Станимировиќ – Јуниор, Ваљмир Какруки – Шкупи, Томи Панов – Кожув, Мартин Георгиевски – Пинк Пантери, Славчо Темелковски, Марко Анастасов, Дамјан Крстевски – Работнички
Група 2
(од 18.30 до 20.00 часот)
Ѓорѓи Милошевски – Вардар, Енис Реџеп – Шкупи, Добре Нисов, Андреј Данилов, Дамјан Ѓорѓиевски – Феникс 2010, Глигор Атанасов, Ангелчо Стефанов – Фени, Дамјан Миса, Бојан Лазаревски – МЗТ Скопје, Никола Крстиќ, Максим Митевски, Андреја Деолски, Антонио Ѓорѓиевски – Работнички, Александар Тодоровски – Баскет кам, Кире Доневски, Борјан Стојановски – Плејмејкер