Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > ЖКК Вардар посилен за репрезентативките Зафирова и Цветковска, официјализирана и Муса
ЖКК Вардар посилен за репрезентативките Зафирова и Цветковска, официјализирана и Муса

ЖКК Вардар посилен за репрезентативките Зафирова и Цветковска, официјализирана и Муса

ЖКК Вардар се засили со две младински репрезентативки. Нина Зафирова се врати од школување во САД каде играше за училиштето Bella Vista College Prep Arizon, а во Македонија е и Ана Цветковска која претходните две години играше во Шпанија, но по повредата и операцијата, својот нов почеток ќе го означи во тимот на Вардар.

Eдна од најдобрите македонски кошаркарки Едина Муса вчера официјално го потпиша договорот со Вардар до крајот на сезоната и ќе биде големо засилување за поранешниот шампион во вториот дел од натпреварувачката кампања.

Меѓу „црвено-црните“ се враќа од тимот на Работнички каде играше претходните две сезони, а во Вардар се враќа по безмалку четири години. И пред да го потпише договорот, таа тренираше со новите соиграчи, а своето второ деби ќе го забележи на завршницата од Купот на Македонија, од 18 до 20 февруари. Таа веќе има две титули со Вардар во ова натпреварување, а на двата завршни турнира, во 2017 и 2018 година, беше прогласена за МВП.