Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > ЖКК Вардар пехарот во Купот ќе го брани во Кале, машкиот и женскиот турнир се играат во мај
ЖКК Вардар пехарот во Купот ќе го брани во Кале, машкиот и женскиот турнир се играат во мај

ЖКК Вардар пехарот во Купот ќе го брани во Кале, машкиот и женскиот турнир се играат во мај

Турнирите, кои од оваа година ќе го носат името „Благоја Георгиевски Буштур“, ќе се играат во Скопје. Кошаркарската Федерацијана Република Македонија ќе ги организира завршните турнири од Куп-натпреварувањето за 2021 година.

Осумте најдобри екипи во машка сениорска конкуренција ,односно четирите најдобри екипи во женска сениорска конкуренција ќе се надигруваат меѓу себе за да стигнат до престижниот трофеј од кошаркарскиот Куп, кој од ова издание ќе го носи името на Благоја Георгиевски – Буштур.

Бранители на трофеите се кошаркарскиот колектив Работнички, кој воедно е и најтрофеен во машка конкуренција, додека кај дамите е женскиот кошаркарски клуб Вардар кој ги освои последните три изданија (2017, 2018 и 2019 година).

По пауза од шест години, завршницата од Купот се враќа во нашата престолнина Скопје. Последен пат Скопје беше дел од Куп-приказната во 2015 година, а оттогаш завршницата се одигра на терените во Гевгелија (2016 и 2019 година) и во Кавадарци (2017 и 2018 година). Ланското издание на кошаркарскиот Куп беше одложено поради пандемијата со COVID-19.

Завршниот турнир во женска конкуренција, оваа година ќе се одигра на 7. и на 8.мај, додека осумте најдобри во машка конкуренција ќе се борат за трофејот во периодот од 14. до 16. мај.

Сите натпревари, и во машка и во женска конкуренции, ќе се играат во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје.