Thursday ,09 May 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Вардар М20 убедлив против Работнички

Вардар М20 убедлив против Работнички

28832734_1762460723811178_1665553263_n

Кошаркарите на Вардар М20 изминатиов викенд ја добија градската пресметка со тимот на КК Работнички. Младите Вардарци во салата Кале славеа убедлива победа издвојувана со резултат 65-49.

Со оваа победа Вардар е нов лидер на табелата, сега Вардарци имаат осум победи и два порази, исто како и тимот на Работнички, Академија ФМП падна на третото место со биланс од 8-3.

В сабота Вардар гостува кај тимот на Карпош Соколи, кој во овој момент има 5 победи и исто толку порази.