Најдобриот младински клуб Вардар трета година по ред организира летен камп во Неа Пори-Грција. На иститот под будното око на професионалните тренери се одвиваат програмските активности. За подсетување црвено-црните се овогодишни шампиони на Македонија во категориите М-14, М-18 и М-20.
Во кампот се работи по програма специјално подготвена за возраст на учесниците на истиот, со единствена цел нивна кошаркарска надградба. Покрај двата тренинга за кошаркарска техника има предвидено и трет за развој на општите моторички способности, кординација, агилност. Кошаркарските тренинзи се прилагодени возраста и моменталното познавање на играта, на секој учесник. Погледнете низ овие неколку фотографии дел од атмосферата на истиот.