Викендов, започнува со одигрување втората кошаркарска сениорска машка лига, стартува сезоната 2022/2023.
Во оваа воведна рунда, КК Вардар ќе започне како домаќин. Нашиот натпревар се игра утре, сабота 15.октомври. Домаќини сме на тимот на КК Ангели, Натпреварот во малата сала при Спортскиот центар „Кале“ е закажан со почеток во 15-00 часот. Судии на оваа средба се: А.Златевски, П.Петровски и Д.Петровски.