Овој викенд повторно беа актуелни возбудувањата од втората македонска кошаркарска лига, каде на програмата беа дуелите од 13-сетото коло. Во истото кое е четврто оваа полусезона црвено-црниот кошаркарски колектив се сретна со екипата на КК шкупи од скопската населба Чаир. Вардарците беа домаќини во ова коло, тие во малата салата при Спортско рекреативниот центар “Кале“ ја пречекаа и совладаа убедливо екипата КК шкупи.
Црвено-црниот кошаркарски колектив ја забележа четвртата победа во четвртиот меч оваа полусезона, со што Вардар е непоразен оваа кошаркарска пролет. Победата беше очекувана ако се знае дека како целосен фаворит влеговме на овој дуел, воедно ова беше “слатака одмазда“ бидејќи во првиот меч тогаш сосема изненадувачки како гости бевме поразени од шкупи со резулат 84-75. Вардар со оваа победа останува на втората позиција од табелата во македонската втора по квалитет кошаркарска лига. Црвено-црните остварија победа од високи 26 поена позитива, со резулат 92:66. Во следното коло нашите кошаркати му се гости на “фенерџијата“ во лигата екипата на КК Радовиш. Покрај победата на Вардар во втората лига се остварија и следниве резулати ова 13.коло :
13.коло | Тетекс | 74 | 72 | Радовиш | |||
13.коло | Водњански Л. | 81 | 91 | Охрид АВ | |||
13.коло | Гостивар 2015 | 54 | 52 | Пелистер |