Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Вардар в сабота го пречекува ЖКК Работнички
Вардар в сабота го пречекува ЖКК Работнички

Вардар в сабота го пречекува ЖКК Работнички

Идеална пролет играат девојките на Жаклина Стојановска, тие се со 100% ефект по одиграни пет кола. Триумфираа на сите дуели досега во женската Прва кошаркарска лига. Викендов, ЖКК Вардар ги очекува нова шестта битка во единствената женска лига. На “менито“ е дуел со тимот од Градски Парк, екипата на ЖКК Работнички.

Натпреварот се игра во сабота, 9.март со почеток во 12-00 часот, ние сме домаќини па мечот ќе се игра во малата сала при С.Ц “Кале“. Се очекува шестта победа за црвено-црните дами кои и во оваа средба влегуваат како фаворит. На првиот дуел во салата “Градски парк“ ние дојдовме до гостинска победа со резултат 58:76.