Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Кошарка: Вардар поразен од Работнички
Кошарка: Вардар поразен од Работнички

Кошарка: Вардар поразен од Работнички

КК Вардар го доживеа и третиот пораз во кошаркарската лига. Вечерва нашите играчи беа поразени од големиот фаворит Работнички на гостински терен со резултат 92:65 (52:38).

Вардарци првиот дел не го одиграа толку лошо. И на овој натпревар главен проблем во нашата игра беа техничките грешки кои изнесуваа над 20 и на овој меч. Првата четвртина помина секако во знакот на големиот фаворит Работнички. Премногу отворени шутеви за три поени имаа домаќините кои знаеа тоа да го искористат. По првите десет минути тимот од Градски парк имаше предност од 27-15. Во втората четвртина нашите млади момци одиграа солидно. Во втората четвртина успеавме да постигнеме за нас одлични 23 поени, а да примиме 25. На полувреме се замина со резултат 52-38 за Работнички. Во првиот дел најрасположени за игра во нашиот тим беше младиот Митев со осум поени и Лефковски кој додаде 11.

Во третата четвртина за нешто повеќе од пет минути игра постигнавме само пет поени. Потоа следуваше серија од 7-0 за нашиот тим и намалување на предноста на домаќинот. Се до крајот на третиот период нашиот тим постигна уште пет поени за оваа четвртина домаќинот да ја добие со резултат 20-12. На оваа средба вардарци имаа голема поддршка од “Комбат 87″ кои ги бодреа и на овој натпревар нашите момци. Последната четвртина исто така му припадна на домаќинот. Најрасположени за игра во последната четвртина беа Вигинс кај домаќинот, односно Лазаревски и Митев во нашиот тим. Во последните пет минути и двата тренери во игра ги уфрлија и најмладите играчи.