Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Борење! Вардарците Нуров и Егоров ќе настапат на Светското првенство во Франција
Борење! Вардарците Нуров и Егоров ќе настапат на Светското првенство во Франција

Борење! Вардарците Нуров и Егоров ќе настапат на Светското првенство во Франција

 Македонските репрезентативци и членови на црвено-црниот боречки колектив, БК Вардар, Владимир Егоров (57 кг) и Могамедгаџи Нуров (97 кг)  ќе настапат на Светското првенство овој месец. Истото се одржува во Париз, Франција каде тие ќе настапат на 25 и 26-ти август.

bk4

Нашите момци во своите категории ќе се “судрат“ со дури 35 соперници и ќе се обидат да се престават најдобро. Нивните ривали доаѓаа од земји кој се најдобри во овој спорт на глобално, планетарно ниво. Црвено-црни момци ќе се потрудат да стигнат до најдобар можен пласман и да се престават во вистинско светло.  И како по правило кога се големите настани има “црна точка“ поврзана со федерацијата. Па така раководството на ФБСМ (намерно) прави погрешен потег повторно. Голем хендикеп за македонското борење е тоа што раководството на федерацијата намерно не го пријави најдобриот македонски борач Халил Зубаиров (носител на медел од европско младинско првенство) да учествува на Светското во Париз во категоријата до 86 килограми, едноставно како да не сакаат да се оствари сериозен резултат на планетариот собир. Нејасно е како на нивните “бисери“ едноставно нема крај…

bk2

Големата посветеност на луѓето во Вардар може да се види во тоа што претходно  македонските репрезентативци Владимир Егоров (57 кг) и Могамедгаџи Нуров (97 кг) како подготовка за СП 2017 во Франција им овозможија да се дел од  на силниот турнир „Али Алиев“ во Дагестан, Русија.

Натпреварите може да се следат во живо – ОВДЕ!