Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Нова победа на ЖКК Вардар, совладан “фенерџијата“ Трокал
Нова победа на ЖКК Вардар, совладан “фенерџијата“ Трокал

Нова победа на ЖКК Вардар, совладан “фенерџијата“ Трокал

Кошаркарките на Вардар продолжуваат со серијата победи во кошаркарската лига. Овој викенд нашите девојки одиграа натпревар на гостински терен против тимот на Трокал, овој натпревар нашите девојки го добија на убедлив начин со резултат 21:82.

Во текот на целиот натпревар девојките на Вардар прикажуваа одлична игра против последно пласираниот тим во лигата. На крајот нашите девојки застанаа на дури 82 дадени поени, а примија само 21 поен за вкупно 40 минути игра на теренот.

Ова беше 12 победа за нашиот тим на 13 натпревар. Следен противник на нашите девојки ќе биде екипата на Бадел 1862, ова ќе биде натпревар да се биде или не за нашите девојки. По победата во Купот на Македонија, сега им посакуваме да ги победат и во првенството.