Овој викенд започнаа возбудувањата во женската Прва кошаркарска лига со одигрување на 11.коло, односно првото во новата 2019 година. Вчера, вардарки ја отворија истата со гостинска убедлива победа.
Девојките на Жаклина Стојановска, гостуваа во Битола кај екипата на ЖКК Пелистер. На дуелот одигран во салата “Боро Чурлевски“, дамите од ЖКК Вардар доминираа во текот на целиот дуел и ја оправдаа фаворитската улога на мечот. Победата дојде со 37.поени предност, ние триумфиравме со резултат 34-17 на средбата. Со овој дуел се заврши првиот круг од лигата, по крајот на истиот имаме 9.победи и еден пораз.
Следното дуел, од 12.коло го играме другиот викенд, во малата сала при С.р.ц “Кале“ ќе ја нагостиме екипата на Патриот 2016.