По крајот на зимската пауза поради новогодишните и божиќните празници, кугларите на Вардар ги „запалија моторите“.
Црвено-црните пред неколку дена, поточно на 10.јануари го имаа првиот собир во 2023 година. Започнати се подготовките за пролетните предизвици, тренинзите се одвиваат во кугларницата „Мусандра“ во Градскиот трговски центар во Скопје. Вардарци со два тима ги очекуваат предивици на два фронта оваа пролет, продолжувањето на дуелите до Македонската кугаларска лига(МКЛ) и настап во Купот на Република Македонија.