За разлика од првиот натпревар на кој ЖКК Вардар се бореше и тесно беше поразен, на вториот меч од полуфиналната серија немавме сили да се спротивставиме против актуелниот шампион, Баскет кам.
Вардарки вчера беа домаќини на втората средба од полуфиналната серија, на истата на домашен терен во “Кале“ тимот од Македонска Каменица дојде до 2-0 и обезбеди финална серија во која ќе ја брани титулата. Девојките на Александар Ашаданов беа поразени со 34 поени предност, односно со резултат 55 – 89.