Friday ,10 May 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > КУГЛАЊЕ! Влаќевски е играч на 10.коло во МКЛ
КУГЛАЊЕ! Влаќевски е играч на 10.коло во МКЛ

КУГЛАЊЕ! Влаќевски е играч на 10.коло во МКЛ

Изминатиот викенд се одигра последното коло во оваа сезона во Македонската кугларска лига, а во истото се случи македонското дерби  Кк Макпетрол- Кк Вардар. Мечот беше од исклучително голема важност за двата тима, победникот во истиот поради поради еквивалентниот број на бодови во првите 9 кола ќе се закити со титулата шампион на Македонија во овој спорт. „Пумпашите“ беа формален домаќин во кугларницата при С.Ц “Борис Трајковски“, бидејќи во кугларница е и наш домашен терен.

За жал овогодинешното титула заминува повторно 15 пат по ред кај тимот на Макпетрол, кој успеа да ја одбрани титулата. Тие однесоа победа со само 18 “соборени дрва“ повеќе, екипно Макпетол имаше 3537 “соборени дрва“, а  избраниците на Драги Димитровски само 18 помалку односно 3519 “соборени дрва“, инаку  мечот заврши со резултат 6-2. Најистакнат повторно во победата беше “Кугларскиот Моцарт“ Бојан Влаќевски кој по еднонеделна пауза се враќа повторно на  признанието најдобар играч. Во минатото коло најдобар играч беше Димитар Димитровски вториот член на “специалното дуо Влаќевски-Димитровски“, а претходните три кола Бојан беше првопласиран. Нашиот црвено-црн куглар повторно имаше резулат над 600 во дербито тој   дерби-дуелот го заврши  со фантастични 658 “соборени дрва“ скор кој му донесе признание играч на колото во Македонската кугларска лига.