Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Кошарка: Белорусија поуспешна од нашата младинска селекција, тројца вардарци впишаа настапи и поени
Кошарка: Белорусија поуспешна од нашата младинска селекција, тројца вардарци впишаа настапи и поени

Кошарка: Белорусија поуспешна од нашата младинска селекција, тројца вардарци впишаа настапи и поени

Нашата младинска репрезентација во изминатите девет дена зема учество на Европското првенство за кошаркари до 20 години (дивизија Б) каде вчера го заврши настапот како 12. пласирана репрезентација. Избраниците на Никола Василев запишаа три победи (две во групна фаза, една во фаза за пласман). Вчера во пресметка за единаесеттото место на првенството за противник го имавме тимот   кој го совладавме неколку дена порано – Белорусија. Овој пат Белорусија беше поуспешна со 73-83.

Тројца вардарци настапија на оваа средба. Петар Прентовиќ беше најефикасен од нашите момци, тој постигна шест поена, а помина и најмногу во игра на овој дуел одигра рериси 17 минути. Миле Станимировиќ имаше пет поена за 15.минути одиграни на паркетот. Најмалку шанса доби Хот Елвис кој одигра само пет минути и впиша два поена зад своето име.