Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Вардар го пречекува тимот на Фени Индустри
Вардар го пречекува тимот на Фени Индустри

Вардар го пречекува тимот на Фени Индустри

КК Вардар во последното коло гостуваше кај МЗТ Скопје и беше поразен од поискусниот тим. Овој викенд не очекува 14.коло кое е последно пред паузата поради завршницата од Купот на Македонија во кошарка кој ќе се игра следната недела во Гевгелија.

Црвено-црните момци во сабота, 9.февруари во малата сала при СЦ “Кале“ ќе го пречекаат тимот на Фени Индустри. Дуелот е закажан со почеток во 17-00 часот. Вардарци ќе се обидат да дојдат до победа, која би била прва во новата година во машката Прва кошаркарска лига.