ЖКК Вардар минатата недела ја започна сезоната со победа на домашен терен над Струга 2009, овој викенд црвено-црните девојки атакуваат на нов успех.
Вардарки се гости кај екипата на МЗТ Скопје Аеродром во втората рунда од Групата-А од сезоната 2022/2023. Овој натпревар ќе се одигра утре, сабота (22/10/2022) во салата “Независна Македонија“ во Скопје. На дуелот кој ќе започне во 12-00 часот, судии се Н.Јакимовски и Д.Зафировски.