Sunday ,19 May 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Кошарка: Вардар М14 ја продолжи есенската доминација без пораз, висока победа и над В.Лисици
Кошарка: Вардар М14 ја продолжи есенската доминација без пораз, висока победа и над В.Лисици

Кошарка: Вардар М14 ја продолжи есенската доминација без пораз, висока победа и над В.Лисици

Кошаркарскиот клуб Вардар во лигата М14 има доминација. Нашата не поразена екипа родена 2005 година и помали забележи уште една убедлива победа и го потврди првото место во својата група каде цела есен доминира со игрите во дуелите против ривалите.

8

На натпревар одигран во малата сала при Спортско рекеативниот центар “Кале“ ја пречекавме екипата на Кошаркарскиот клуб Водњански Лисици. Во оваа средба доминиравме во сите аспекти на кошаркарската игра и во текот на цел натпревар водевме со постепено зголемување на предноста. Момците на Златко Лазаревски остварија висока победа со 49 поени позитива. Ние триумфравме со резултат  101 : 62  на оваа средба.