Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Кошарка: Вардарки повторно го земаа скалпот на шампионот Бадел, победа во дербито и без Муса
Кошарка: Вардарки повторно го земаа скалпот на шампионот Бадел, победа во дербито и без Муса

Кошарка: Вардарки повторно го земаа скалпот на шампионот Бадел, победа во дербито и без Муса

Викендов на програмата во женската кошаркарска лига беше новото, 5.коло (втор круг). Во истото се одигра дербито помеѓу двата најквалитетни женски кошаркарски состави во земјава. Екипата на шампионот Бадел 1862 беше  гостин на нашиот ЖКК Вардар. Вардар по победата во Кавадарци кога дојде до трофеј во Купот на Македонија денес повторно  го совлада шампионот.  Нашите девојки победија со 73-69.

Девојките на Дамњановски  одиграа одличен дуел во кој дури настапивме и  без Едина Муса, сепак покажавме квалитет и најавивме дека оваа сезона ќе ја нападнеме двојната круна во женската кошарка. Се играше цврсто и со постојани пресврти, по две четвртини на одмор заминавме со минимална предност од 36-33. Во вториот дел иста слика на теренот постојано двата тима беа блиску, сепак на крајот триумфираа црвено-црните дами. Најуспешни поентерки кај нас беа Наков со 17 и Деловска со 15 поени.