Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Вториот меѓународен кугларски турнир “8-ми Септември” започнува во 10часот, учесниците ќе се натпреваруваат поединечно и екипно
Вториот меѓународен кугларски турнир “8-ми Септември” започнува во 10часот, учесниците ќе се натпреваруваат поединечно и екипно

Вториот меѓународен кугларски турнир “8-ми Септември” започнува во 10часот, учесниците ќе се натпреваруваат поединечно и екипно

Втор Меѓународен кугларски турнир “8-ми Септември” ќе се одржи во кугланата во СЦ „Борис Трајковски“, а во организација на КК „Вардар“, а по повод денот на независноста на Република Македонија.

Покрај домаќинот „Вардар“, македонскиот вицепрвак и Куп шампион, ќе учествува и КК „ГТЦ Мусандра“ од Скопје и еминентни кугларски клубови од Екс-Ју републиките:

„Калцит Камник“ (Словенија), „Мертојак“ од Сплит (Хрватска), „Партизан“ од Белград (Србија) и „Белград“ од Белград (Србија).

Натпреварот ќе започне во 10-00 часот. Учесниците ќе се натпреваруваат поединечно и екипно. На крајот ќе бидат доделени награди за најдобрата екипа и на најдобрите поединци. Вардар се потруди и успеа да организира еден ваков квалитетен интернационален настан што покажува дека во клубот се работи на афирмација на куглањето како спорт, но и на сопствената земја. Во организирањето во пресрет излегоа Градот Скопје и спонзори кој го препознаа овој квалитетен проект.