Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Атлетика > АТЛЕТИКА! ПРИЗНАНИЕ ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО ВЧЕРА ДОБИЈА ЛЕГЕНДАРНИТЕ ЧЛЕНОВИ НА АК ВАРДАР- МИЛОШ БУЦЕВСКИ И СИМЕОН ЃЕОРЃИЕВ

АТЛЕТИКА! ПРИЗНАНИЕ ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО ВЧЕРА ДОБИЈА ЛЕГЕНДАРНИТЕ ЧЛЕНОВИ НА АК ВАРДАР- МИЛОШ БУЦЕВСКИ И СИМЕОН ЃЕОРЃИЕВ

                Во присуство на претставниците од Агенцијата за спорт и млади, Македонскиот олимписки комитет, Градот Скопје и Атлетската федерација на Македонија, вчера на 17 јануари 2017 година, во ресторан “Маракана”, беа прогласени најуспешните атлетичари и атлетичарки во сите категории, како и најуспешните тренери во изминатата 2016 година.

                Со одлука на Извршниот одбор на Атлетската федерација на Македонија, беа доделени и признанија за животно дело на членовите на АК “Вардар” и поранешните врвни атлетичари Милош Буцевски и Симеон Ѓеорѓиев. Признанијата им ги врачи Крсто Серафимовски, претседател на Атлетската федерација на Македонија.

Добитниците на наградите и признанијата

Добитниците на наградите и признанијата

                Милош Буцевски и Симеон Ѓеоѓиев пристапиле во АК “Вардар” во далечната 1962 година, откако нивниот професор по физичко воспитување во Економското училиште “Борис Кидрич” во Скопје, Душко Филиповски, го открил нивниот талент, и им  препорачал да се зачленат во клубот.

   Симеон Ѓеорѓиев (лево), Крсто Серафимовски, претседател на АФМ (во средина) и Милош  -Буцевски (десно)

Симеон Ѓеорѓиев (лево), Крсто Серафимовски, претседател на АФМ (во средина) и Милош  -Буцевски (десно)

                Милош Буцевски беше извонреден спринтер. Настапуваше во дисциплините 100, 200, 400 и штафетите 4х100 и 4х400 метри. Врвните резултати што ги постигнуваше, го доведоа и до вратите на репрезентацијата на Југославија. Во 1966 година, на Европското првенство во Одеса, Буцевски настапи во штафетата 4х400 метри, освојувајќи го 3 место, и бронзен медал. Уште од самиот почеток, почнувајќи од 1965 година, секоја година настапуваше на Меморијалот “Лазо Милошевски”. Во трките на 400 метри, четири пати го освои првото место, а во 1966 година успеа да го собори рекордот на Лазо Милошевски. За своите врвни резултати, во 1966 година, Буцевски беше прогласен за најдобар спортист на Македонија. Извесен период ја обавуваше функцијата претседател на Атлетскиот сојуз на Македонија (АФМ).

     Признание за животно дело на Милош Буцевски

Признание за животно дело на Милош Буцевски

  Симеон Ѓеорѓиев беше еден од најуспешните атлетичари на АК “Вардар”. Специјалност му беа трките на 800 метри. Во текот на својата спортска кариера, како активен атлетичар, му носеше голем број победи на својот клуб. Љубовта кон атлетиката го воведе во нова улога, професионален атлетски тренер, која започна да ја врши почнувајќи од 1970 година. За две децении, колку што работеше во клубот, успеа да освои голем број победи во Купот на Македонија, поединечните првенства, крос натпреварите, маратоните, ноќните трки и др. Под неговата диригентска палка, повеќе атлетичари се запишаа во листата на рекордите на Македонија. Во 2007 година, по повод 60 години од формирањето на СД “Вардар”, за својот несебичен придонес кон клубот и друштвото, и врвните резултати,  го доби високото признание “Великан на Вардар”.

 

Признание за животно дело на Симеон Ѓеорѓиев

Признание за животно дело на Симеон Ѓеорѓиев

Автор: Професор Мирослав Бошковиќ