Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Запознајте ги црвено-црните „самураи” од Реал Аикидо клубот “Вардар”
Запознајте ги црвено-црните „самураи” од Реал Аикидо клубот “Вардар”

Запознајте ги црвено-црните „самураи” од Реал Аикидо клубот “Вардар”

Големо и бројно е црвено-црното семејство „Вардар“. Денес  ќе ве запознаеме со Клубот за Реално Аикидо “Вардар“, кое функционира во нашиот главен град. Изворното аикидо потекнува од вештината аики-џицу, која што датира од 9-ти век од Јапонија. Истата била вклучена во борбената обука на самураите. Реалниот аикидо претставува стил на Аикидо кој го оформил Љубомир Врачаревиќ, Аикидо Мајстор 10 ДАН.

a7

Светите црвено-црни бои!

Тоа е практична и ефикасна вештина за самоодбрана која што ги применува супериорните одбранбени техники, истите се  засновани врз законите на природата. Примената на оваа комплексна вештина ја зајакнува концентрацијата, координацијата, волјата, решителноста, самодовербата, се зголемува отпорноста на стрес и слично.

a4

Тренинзите се одржуваат во ОУ„Александар Македонски“ во Н.Лисиче

Клубот за Реално Аикидо „Вардар постои пет години, тој функционира како и сите други вардарови колективи во нашиот главен град-Скопје. Моментално во него членуваат повеќе од 50 членови и тоа 24 момциња и 31 девојки.  Тренинзите се одржуваат во ОУ„Александар Македонски“ во  скопската населба Ново Лисиче. Се работи  напорно, вредно и посветено, па така три пати неделно се одржуваат тренинзи. Според зацртаната програма истите се одвиваат во следните денови: понеделник, среда и петок.  Детска група  своите вештини ги усовршува во првиот термин во тие денови (од 19.00 до 20.00 час), а пак   возрасна група своите тренинг активности ги има  од 19.45 до 21.00 часот.

a6

Јосиф Грујовски-Антоан Диневски-Андреа Диневска-Кристијан Ранковиќ

Вардар е одлично стручно екипиран, наскоро ќе ве запознаеме со деталите околу неговата екипираност и ќе ви донесеме фотографии од врадната работа на овој тим. Тренинзите ги водат искусни мајстори со интернационални лиценци за реален аикидо, станува збор за: г-н  Антоан Диневски 2ри дан, Антонио Дамјановски 2ри дан и Бојана Диневска 2ри дан. Покрај нив дел од клубот се  асистент тренерите: Кристијан Ранковиќ 1ви дан, Андреа Диневска 1ви дан и Јосиф Грујоски 1ви дан- детски црн појас.

a

Антоан Диневски – 2РИ ДАН

Нашиот, Реално Аикидо  Вардар е етаблиран клуб, истиот е член и на голема интернационална федедерација. Тие членуваат во (ИФСРА)- интернационалната федерација  систем за самоодбрана реален аикидо. Во оваа федерација    членуваат повеќе од 50 клубови од балканот и пошироко. Интересна е возраста која е погодна за практикување на оваа вештина, практично сите генерации се добредојдени во Вардар. Бидејќи Реално Аикидо можe да вежба секој од  4.годишна возраст па се до 77 години.

a2

Диневски и Грујовски со инструкции за најмладите

Вардар има одлична програма, поделена спрема возраста на “конзументите“ на оваа вештина. Па така се работи по детска програма  за членовите кои имаат помеѓу 4 до 14 години. Црвено-црниот клуб  има  и програма за возрасни, а нешто што треба да се апострофира е  постоењето на  специјален програм за самоодбрана за припадничките на понежниот пол.

a5

Тренинзите се одржуваат понеделник, среда и петок 

За крај од клубот “Вардар“  имаат порака: Сите  наши тренинзи се од отворен тип,  повелете, дојдете да се дружиме. Уписот    на нови црвено- црни членови се врши на   секој тренинг, без надокнада.
Контакт телелефон: 076- 959- 960.