Женскиот кошаркарски тим на Вардар ги започна зимските подготовки на 9-ти јануари кога го имаа првиот собир во 2017 година со кој официјално започнаа со подготовките за пролетните возбудувања во женската македонска конкуренција. Тимот веќе се подготвува во нивниот дом, во малата сала при спортско рекреативниот центар “Кале“.
Прв предизвик за девојките во 2017 е Купот на Македонија во женска кошаркарска конкуренција кој е закажан за втората половина на месецов. Девојките на Вардар беа одлични во есенската полуетапа, како второпласирани тие “презимиа“, имаат шест победи по ред врзани во низа.
Раководството на “црвено-црните” одлучи да го засили тимот пред почетокот на пролетниот дел со две девојки од САД. Едната девојка веќе работи со тимот, станува збор за Ешли. Таа е млада американска кошаркара која игра на позиција “плеј“, со ова засилување ќе добиеме во експлозивност на тимот. Ешли има 23 години. Втората девојка ќе се приклучи во ростерот во четврток и тогаш ќе може да го објавиме нејзиното име, откако ќе биде регулиран нејзиниот престој официјално во Вардар.