Tuesday ,08 October 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Атлетика > Завировски со одличен полумаратон, 21.097км

Завировски со одличен полумаратон, 21.097км

 277797996_10220187100417551_6417191026630571176_n

Во Градскиот парк во Скопје традиционално па 23-ти пат се одржа маратон на себенадминување. Нашиот Петре Завировски одново имаше забележителен настап.

Ова е негов најдобар резултат на полумаратон во последните 5 години. Патеката долга 21.097км ја мина за 1-20-58 што беше доволно за 5 место. Ова е трета трка во низа за вардарецот, четврта оваа сезона. На сите свои 4 настапи забележа исклучително добри резултати. Радува фактот што неговата форма постојано оди во нагорна линија.

.
Завировски за оваа трка изјави:
“Ова беше 3 трка во низа за мене. Многу е тешко во краток период да се истрчаат 2 полумаратони и една трка на 10км на високо ниво. Апсолутно сум задоволен како помина. На почетокот на трката чувствував замор во нозете кој е акомулиран од претходните мои настапи. Но имав побрз втор дел на трката во однос на првиот дел. Тоа е факт кој ме радува. Со малку поголема свежина и сегашната форма убеден сум дека имам резултат на 1-18 на полумаратон. Ова е само старт на сезоната. Задоволен сум како се одвиваат работите. Ако сакаме да успееме мора да бидеме паметни. Изминатиот месец имам добар период, многу сум среќен поради тоа. Ќе ги сумираме впечатоците од оваа трка. Продолжуваме понатаму кон следните предизвици”.