По повод CISM меѓународниот ден на воени спортови, Армијата на Република Македонија на 18 Февруари со почеток во 11 часот организираше атлетска трка.
Свое учество зедоа 100тина припадници на АРМ како и неколку атлетичари од атлетските клубови. Нашиот Петре Завировски редовно зема свое учество во натпреварите организирани од АРМ. Завировски ја истрча својата најдобра трка во последните 3 сезони. Патеката долга 5км ја мина за 17:53 минути. Ова е одличен перформанс на Завировски според кој следува одлична сезона на вардарецот.
Самиот Завировски истакна дека е презадоволен од перформансот и најавува добар прогрес оваа сезона која започна за него со оваа трка.