По одигрувањето на шесттото коло во женската кошаркарска лига тимот преводен од Жаклина Стојановска, нашиот ЖКК Вардар изби на врвот на табелата со 12.бода. Зад нас е шампионот Бадел со 10.бода и натпревар помалку одигран досега поради непарниот број на екипи во единствената женска кошаркарска сениорска конкуренција во земјава.
Во ова коло во малата сала при С.р.ц “Кале“ -Скопје ја пречекавме екипата на ЖКК Гостивар од истоимениот град. Црвено-црните дами доминираа во целост на натпреварот, во ниту еден момент нашиот ривал не успеа ни да се доближи, ние од минута во минута ја зголемувавме предноста која на крајот беше и 59.поени во наша корист. Успеавме да дојдеме до 6/6 досега во лигата со резултат 101:42.
*Во следното, 7.коло гостуваме кај тимот на Баксет Кам, солиден тим кој досега има само еден пораз во лигата.