Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > ЖКК Вардар јануарската пауза ја дочека како лидер
ЖКК Вардар јануарската пауза ја дочека како лидер

ЖКК Вардар јануарската пауза ја дочека како лидер

Да 29-ти минатиот месец и година, ЖКК Вардар го одигра последниот меч од есенскиот дел. Ние гостувавме кај екипата на Крива Паланка и победивме со резултат 46-100. По овој дуел следи зимската пауза се до 25/01/2020 во женската кошаркарска Прва лига.

Истата ние ќе ја „зимуваме“ како Есенски првак на врвот на табелата со максимални 18.бода. Победивме на сите девет дуели оваа есен, на ниту еден не заминавме на пауза со негатива. Го совладавме во директен дуел и ривалот за титулата екипата на Бадел која е на втората позиција со 17.бода колку што има и екипата на Струга 2009.  Вардар со 397.поени примени по меч ја има најдобрата одбрана во лигата, го имаме и вториот најдобар напад со постигнати 755 поени.