Денес, по пауза од еден викенд, во кој требаше да се одигра завршниот Ф-4 турнир во Купот на Македонија ( истиот се одложи поради деновите на жалост за април) се враќаат возбудувањата во женската Прва кошаркарска лига.
На денешниот дуел од ова 14.коло сме домаќини ( во С.р.ц“Кале„) на тим од дното, станува збор за екипата на Трокал, која заедно со Шкупи и Клубски Патриот имаат досега само по една победа во лигата. Натпреварот е закажан со почеток во 13-00 часот. Девојките на Жаклина Стојановска се апсолутни фаворити на оваа средба. На првиот дуел одигран во гости победивме со убедливи 18 – 75.
Вардарки за време на паузата беа второпласиран тим на табелата зад тимот на Бадел.