Актуелниот двоен шампион на Република Македонија, тимот на ЖКК Вардар подготовките за новата сезона ќе ги започне на 5.август среда. Третиот „старт“ со дамите ќе го има Жаклина Стојановска, за разлика од минатите две сезони во оваа решена е да ја подмлади екипата и да даде прилика на младите надежи.
Тренинзите во очекување на протоколите од „Куќата на кошарката“ ќе се реализираат на отворено. Ќе се работи индивидуално со максимум три девојки, потоа групно на тие тренинзи ќе бидат вкупно шест вардарки. Кога ќе се дефинираат сите детали од протоколот ќе се започне со „вистинската“ кошаркарска подготовка на тимот.