Полека но сигурно се пополнуваат празните места со тимовите кои ќе настапат во квалификациите за Лигата на Европа ова лето. По неколку години пауза тимот на Вардар наместо во ЛШ ќе настапи во квалификациите за Лигата на Европа.
Вардар засега котира високо на листата на носители, до овој момент нашиот тим е седми носител во групата на носители. Највисокото на оваа листа во првото коло ќе котира тимот на Партизан кој има коефициент од 17.000, потоа следуваат тимовите на Молде, ФХ, Дундалк, Жалгирис, Осијек и нашиот Вардар. Сите овие противници Вардар ќе ги избегне во првото и второто квалификациско коло.
За противници во првото квалификациско пак, Вардар може да добие екипи од рангот на Рига, Транс Нарва, Балзан, Гленавон, екипи од Финска, Ерменија, Луксембург, Црна Гора и тн. Се на се, ова се екипи кои Вардар треба да ги помине во првото и второто квалификациско коло, а потоа веројатно ќе биде неносител во следното, трето коло.
Противникот Вардар ќе го добие на 19 јуни, првото коло ќе биде одиграно во период од 12-19 јули.