Генерацијата на ФК Вардар родени “2008“ година славеа две нови победи, во рамките на денешното коло од детската лига, кое се одигра на терените на ФК Работнички. Избраниците на Павел Неделковски ги совладаа екипите на Драчево и Кул(2).
Вардар (1) го доби дуелот со тимот на Драчево со резултат од 6:0. Натпреварот со гол го отвори Стефан Марковски кој погоди за предност на црвено-црните од 1:0. Се виде дека Вардар е далеку подобар на теренот уште од самиот старт и навести дека бодовите ќе завршат кај нив. Со првиот гол на денешниот дуел на Коста Бошковски, екипата на Вардар веќе имаше предност и од 2:0. Трет различен играч се запиша во листата на стрелци во следните минути, тоа беше Стефан Бранковски кој го зголеми водството на Вардар на 3:0. До крајот на првиот дел во листата на стрелци се запиша и Арти Азии, кој погоди за 4:0, додека истиов играч не успеа да реалиира и удар од белата точка. На полувреме имавме солидно водство од 4:0.
Во второто полувреме исто така имавме поголем дел од играта, кога постигнавме уште два нови голови, а не доволивме нашата мрежа да биде затресена. Следиме втор гол на натпреварот за Арти Азизи, со кој црвено-црните поведоа со 5:0. Со вториот гол и на Стефан Марковски, ги поставивме конечните 6:0 на овој натпревар.
Победа забележа и екипата на Вардар (2) во дуелот со екипата на Кул (2). Тука бевме многу поубедливи и славевме со резултат од 11:1. Самиот резултат говори за одразот на силите на двете екипи на овој дуел. Ибраниците на Неделковски до врв ја наполнија мрежата на Кул (2). Пет играчи на овој натпревар постигнаа по два голови во редовите на Вардар. Тоа беа Горазд Филипоски, Бојан Пешов, Ненад Дамјаноски, Илија Митаноски и Лука Трпевски, додека еден беше дело на Матео Кесиќ, за конечни 11:1 на ово дуел.