Денес на терените на ФФМ во Ново Лисиче се одиграа дуели во фудбалската детска лига. Во категоријата родени 2006 и помали свој настап имаше ФК Вардар (3) генерација 2007 кој се натпреварува во оваа категорија. Ние се сретавме со екипата на ФК Сарај и ја совладавме со минимални 2-1 (1-0).
Првиот дел иако беше одбележан со неколку шасни ние го завршивме со минимални 1-0. Со таа минимална предност поради нереализираните шанси заминавме на одмор. Во вториот дел атакувавме за го удвоиме водството и успеавме да зголемиме на 2-0. Противникот имаше прилика потоа и ја искористи намалувајќи на 2-1, резултат со кој се оконча овој дуел. Сепак ќе победевме со повеќе голови доколку реализриавме некој од шансите кои ги имавме, најзрела од пенал имаше Грашевски Александар. Неговиот удар заврши во стативата, токму тој претходно погоди за црвено-црните, а стрелец на другиот гол беше Киш Марко.