Tuesday ,30 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Верувале или не, Вардар има само три победи оваа пролет
Верувале или не, Вардар има само три победи оваа пролет

Верувале или не, Вардар има само три победи оваа пролет

Верувале или не, тимот на Вардар има само три победи оваа пролет. Звучи неверојатно кога е во прашање бренд каков што е ФК Вардар…

За жал податоците го кажуваат следново: Пролетниот дел на шампионатот во Македонија започна на 14/02 со дербито Шкендија – Вардар во Тетово кое заврши 1:1. Oд тогаш па се до ден денес ФК Вардар одигра уште вкупно 15 средби, од овие дуели доби само три и тоа две на домашен терен против Победа со резултат 3:0 и Ренова 1:0, како и единствената победа нагости кај Силекс со резултат 0:2.

32538520_1833772523346664_1908915751058669568_n

Па така со овие само три добиени дуели на вкупно 16 натпревари, Вардар може да биде и задоволен што останува на втората позиција на табелата на две кола пред крајот.