Saturday ,21 September 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Вчера започна вториот дел од “Летниот фудбалски камп“ во Дојран организиран од ФК Вардар
Вчера започна вториот дел од “Летниот фудбалски камп“ во Дојран организиран од ФК Вардар

Вчера започна вториот дел од “Летниот фудбалски камп“ во Дојран организиран од ФК Вардар

По завршување на првата етапа од летниот камп организиран од ФК Вардар во спортскиот комплекс “Истатов’’ во Дојран и кратката пауза почна реализирањето на втората етапа од истиот  . Во првиот дел од летниот камп беа опфатени младите фудбалски надежи родени во 2000 и 2001 година .

Од вчера во Дојран започна вториот дел  на летниот фудбалски камп овај пат  за младите фудбалери од генерација 2002 година. Вториот дел ќе заврши на  15 август , во оваа фаза на кампот има присутно 70 фудбалерчиња  од ФК Вардар како и членови на   регионалните единици на ФК Вардар. Како тренери за реализација на програмата предвидена на  кампот за генерацијата 2002  се ангажирани Павел Неделковски и Слободан Мутибариќ од ФК Вардар, како и тренерите од регионалните единици Еуроспорт од Куманово и Мал Ајакс од Штип.
 
По завршување на втората етапа ќе има уште две и тоа  третата од 15 до 20 август кампот на ФК Вардар продолжува со фудбалери од генерации 2003 и 2004 година .  Последната четврата етапа ќе се реазира од 20 до 25 август за млади  фудбалери од генерации 2005 и 2006 година.